Таеквнодо репрезентацијата отпатува на СП за јуниори во Тунис, се очекува медал

Македонската јуниорска таеквондо репрезентација денеска отпатува за Тунис каде што од 9 до 14 април ќе учествува на Светско првенство во Хамамет.

Боите на Македонија ќе ги бранат: Анамарија Георгиевска (-59 кг), Ива Поповска (-55 кг), Филип Стаменов (-59 кг) и Марко Аврамовски (-55 кг).

„Овој состав на националниот јуниорски тим во изминатава година постигна значителни резултати, во Тунис одиме на пласман“, вели предводник на националниот тим и претседател на Македонската таеквондо федерација (МТФ) Борче Костовски и додава:

„Очекувањата на МТФ се да се вратиме минимум со еден медал од ова Светско првенство за јуниори. Досега најблиску до медал на Светско јуниорско првенство бил Дејан Георгиевски кој во Канада изгуби во борба за медал“, истакнува Костовски.

Прв од нашите репрезентативци настапува Марко Аврамовски, во вторник.

Ipon.mk

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО