Изгледа дека Т.Ј. Дилашоу ја заврши професионалната ММА кариера. Како што објавија бројни портали за боречки вештини поранешниот шампион во бантам категорија решил да се повлече поради повреда.
Наводно за ова е известена и УФЦ, но официјално никој се уште не го објавил.
Неговата последна борба Т.Ј. Дилашоу ја имаше на неодамнешниот настан на УФЦ 280 кога се обиде да го добие шампионскиот појас по трет пат против Алџамејн Стерлинг, но загуби со прекин во втората рунда.
Стерлинг многу лесно стигна до триумфот, бидејќи во еден нокдаун Дилашоу незгодно падна на левата рака и го повреди рамото.
Т.Ј. во текот на кариерата Дилашоу (36) забележа 17 победи, а има пет порази, два во последните три настапи.
Во јули минатата година го победи Кори Сандхаген, но уште тогаш беше јасно дека тој не е борецот каков што знаеме дека е.
Првата борба во УФЦ ја имаше во декември 2011 година кога загуби од Џон Додсон.