Дастин Пориер се заразил со бактерија и завршил во болница (ФОТО)

Поранешниот предизвикувач на УФЦ во лесна категорија, Дастин Пориер, заврши во болница откако се зарази со стафилокока, бактерија вообичаена во боречките сали.

Американскиот борец веќе неколку дена објавува стории од болницата, но до сега не се знаеше зошто е хоспитализиран.

Тој на социјалните мрежи сподели фотографии од заразената нога.

Дастин се чувствува добро, и се заблагодари за поддршката што ја добива од сите страни.

Дајмонд загуби од Чарлс Оливеира во меч за титулата во лесна категорија пред една година, а во последната борба минатиот месец го надмудри Мајкл Чендлер.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО