Светското првенство во бокс за мажи во 2023 година ќе се одржи во главниот град на Узбекистан, Ташкент, соопшти денеска Меѓународната боксерска федерација (АИБА). Веста за доделувањето на организацијата на Светското првенство на Ташкент ја потврди првиот човек на АИБА, Русинот Умар Кремљев, при денешната посета на Узбекистан.
Годинава Светското боксерско првенство ќе се одржи во Белград од 26 октомври до 6 ноември.
Српската престолнина ја доби организацијата како замена за Индија, која ја откажа организацијата поради неподмирување на задолжителната финансиска гаранција.