Александар редовно го победувал Федор! Кој е подобар?

Постои мислење дека Александар Емелијаненко отсекогаш бил понадарен од неговиот постар брат Феор, но тој не може компетентно да располага со талентот. Ова мислење го потврдува и помладиот брат, кој откри дека често го победувал батко му во тренинг процесот.

„Понекогаш ги фрлаше ракавиците и велеше:„Повеќе нема да боксирам со него“!  Не можеше да се справи со тоа кога забрзав и почнував да се движам наоколу“, рече Александар.

Тие не се во контакт веќе неколку години, но тој вели дека нема конфликт.

„Немаме конфликт – сè е во ред со нас. Едноставно, не комуницираме еден со друг. Има свој социјален круг, јас го имам мојот социјален круг. Наоѓаше луѓе со кои сакаше да се дружи, а кои ги сакаше. Јас имам свое опкружување. Не се каравме. Ниту во тренинг процесот, ниту во процесот на подготовките, ниту во личниот живот“, објасни помладиот брат Емелијаненко.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО