Светскиот шампионат во самбо ќе се одржи во Нови Сад

Светскиот шампионат во самбо годинава ќе се одржи во Нови Сад (Србија). Одлуката е потврдена од Меѓународната федерација на самбо (ФИАС/ FIAS).

Натпреварот ќе биде комбиниран со Светското првенство за млади и тоа за деца.

Турнирите ќе се одржат  5-8 ноември.

Според планот, планетарното првенство требаше да биде во Ашгабат (Туркменистан), но поради пандемијата на Ковид-19, локалната федерација одлучи дека нема да може да се справи со настаната ситуација.

„ФИАС секогаш поддржуваше различни дестинации на турнирот, но пандемијата бараше големи промени во нашите планови“, се вели во отвореното соопштение на федерацијата.

„Српската федерација има долгогодишно искуство во одржување на меѓународни натпревари и веруваме дека ќе се справи со вонредната состојба“, додаде ФИАС.

Меѓународната федерација уверува дека ќе бидат запазени сите потребни безбедносни мерки.

Светското првенство ќе се пренесува во живо на Еуроспорт и на Јутјуб.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО