Илјадници фанови го поздарвија Федор за роденденот (ФОТО)

Самбо и ММА легендата, Федор Емелијаненко денеска го прослави  44-тиот роденден. Русинот беше поздравен од илјадници фанови на социјалните мрежи и форуми.

Во каналот на „fedorteam_mmа“ на Инстаграм, Последниот император доби срдечни желби.

Неговите обожаватели од целиот свет коментираа под фотографијата и му се заблагодарија за десетиците одлични моменти.

Федор доби честитки од голем број познати личности, политичари и руски дипломати во странство.

Емелијаненко остава неизбришлива трага во светот на боречките вештини. Во зората на шампионатите во ММА и Прајд тој ги освои симпатиите на милиони луѓе.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО