Светскиот шампион Тајсон Фјури по мечот со Кличко му кажува збогум на боксот

Fjuri naostren udar na Klicko

Светскиот шампион во тешка категорија, Тајсон Фјури, пак ја повтори изјавата дека по реваншот со Владимир Кличко се повлекува од боксот.

Тој претходно изјави дека ќе се пресели во Лос Анџелес, зашто во неговата земја-Британија не го ценат.

Фјури минатиот ноември го победи Кличко во Дизелдорф со едногласна одлука на судиите и ја презеде шампионската титула во верзиите ВБА, ВБО и ИБФ, а на 9 јули годинава повторно ќе боксуваат во Манчестер, Англија.

Британскиот боксер изјави дека таа борба ќе му биде последна и деа ќе се повлече од боксот без разлика на исходот од дуелот.

„Тоа ќе биде мојата последна борба. Без разлика како ќе заврши, јас повеќе нема да боксувам. Ваквата одлука ја носам бидејќи сакам да му се посветам на моето семејство, а моите деца „неверојатно” брзо растат”, изјави Фјури.

Кличко долги години ги чуваше шампионските појаси во тешка категорија во верзиите на ИБФ, ВБА, ВБО и ИБО, но по голема битка во „Есприт Арена” во Диселдорф, пред 65.000 гледачи загуби од Британецот по 12 рунди со одлука на судиите на поени

 

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО