Светскиот шампион порача: Јас сум најголемиот борец кој некогаш живеел

Се чини дека преговорите за боксерски меч меѓу светскиот шампион во тешка категорија на ВБЦ, Тајсон Фјури, и поранешниот владетел на УФЦ на кралската дивизија Френсис Нгану, веќе доста напреднале и наскоро би можеле да се договорат.

Иако тимот на Фјури засега молчи за тоа, познатиот промотер Еди Херн пред неколку дена потврди дека верува дека Kралот на Ромите ќе ја има следната борба против Камерунецот.

„Верувам дека наскоро ќе потврдат дека е договорен егзибициски меч меѓу Фјури и Нгану. Разочаран сум, бидејќи сакав да го гледам Тајсон како се бори за апсолутен шампион против Усик. Но, Фјури сам управува со својата кариера и секогаш оди на добра заработка“, изјави Еди Херн.

А Тајсон Фјури следниот месец ќе го прослави својот 35 роденден. Во 15-годишната кариера никогаш не бил поразен, има неколку победи против големи противници како Владимир Кличко и Дионтеј Вајлдер и едно реми (Вајлдер).

Се чини дека тренерот на Фјури, ШугарХил, додаде уште една димензија на неговите борби.

Големиот човек сега е способен да собори секого, но и способен да издржи доволно долго во рингот додека противникот не ја загуби концентрацијата.

Откако пропаднаа неговите преговори за обединување на шампионските појаси против Александар Усик, Фјури тргна во потрага по нов противник.

Имаше неколку кандидати, но очигледно ниту еден од нив не ги исполни критериумите на Џипси Кинг, па на ред дојде Френсис Нгану.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО