Менаџерот на Усик потврди дека Александар „потпишал и запечатил“ се за мечот против Фјури

Александар Усик пред неколку месеци се повлече од преговорите со Тајсон Фјури за меч во кој ќе се обединат појасите на боксерскиот шампион во тешка категорија.

А потоа во борбата се вклучи и промоцијата Скил челинг, која сака да организира голем боксерски спектакл во декември во Саудиска Арабија, каде што ќе настапат четворицата, во моментов најголемите боксери во тешка категорија (Фјури, Усик, Џошуа и Вајлдер).

Според последната изјава на менаџерот на Усик, Егис Килмас, се чини дека Усик и Фјури би можеле да се сретнат на тој настан.

Имено, Килмас во објава на Твитер одговори на видео во кое поранешниот борец Мет Меклин разочарано ја коментира неможноста да се договори  борба меѓу двајцата шампиони.

Во својот одговор тој откри дека Усик се согласил со условите и дека половина од работата е завршена. Се чека само согласноста на Фјури.

„Да, сите сакаме тоа да се случи и благодариме на промоцијата Скли чпелинџ која се обидува да го организира тој меч. Само би сакал целиот свет да знае дека на страната на Усик се е завршено, потпишано и запечатено“, изјави Егис Килмас.

Скил челинџ и Саудиска Арабија се познати по тоа што склучуваат посебни договори со секој борец за да се избегнат спорови.

Изгледа сега е на ред Фјури. Но, има многу непознати во врска со Ромскиот крал.

Двете страни меѓусебно се обвинуваат за попречување на преговорите, па сега останува да се види што ќе одлучи Фјури кога веќе ќе биде подготвен договорот.

И додека Александар Усик се подготвува за мечот против Даниел Дубоа кој треба да се одржи во Полска на 26 август, Тајсон Фјури се уште не знае кој би можел да му биде следен противник.

Во изминатите неколку дена се појавија сериозни гласини дека Кралот на Ромите би можел да има егзибициска борба против поранешниот шампион на УФЦ во тешка категорија Френсис Нгану.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО