Светскиот првак Бобан Илиоски отпатува на ЕП во маи таи во Анталија по нов трофеј

Македонската маи таи репрезентациja замина на Европското сениорско првенство во Анталија, Турција. Македонија на ЕП ќе ја претставува светскиот шампион во кик бокс Бобан Илиоски.

Првенството кое почна вчера ќе трае15 декември.

Нашата репрезентација е во состав Дејан Митровски – Урко претседател на КМФМ, Драган Атанасовски тренер и Бобан Илиоски натпреварувач.

По светското злато во кик бокс ќе се обидат да атакуваат и на европското маи таи злато.

Илиоски ќе има шест противници, но тој е искусен борец и ова е само уште еден предизвик за него. Во склоп на првенството ќе се одржи и Генерално собрание на Европската маи таи федерација на кое учество ќе земат и нашите челници Митровски и Атанасовски.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО