Датум за паметење: Штип е прогласен за Европски град на спортот за 2024 година!

Штип е прогласен за Европски град на спортот за 2024 година во конкуренција на градови од 25.000- 500.000 жители

Оваа радосна вест од Европарламентот во Брисел ја соопшти градоначалникот на Штип Иван Јорданов.

Јорданов на Фејсбук напиша:

„Датум за паметење! ЕУ-МК

Во конкуренција на градови од 25.000- 500.000 жители, Штип е прогласен за Европски град на Спортот за 2024 година!

Вечерва на гала доделувањата на награди во Европскиот парламент во Брисел ја примивме наградата и признанието кое претставува одлична можност за уште поголем развој на спортот, спортските клубови и спортската инфраструктура во нашиот град.

Ја користам оваа прилика да најавам дека во првата половина од 2024 година ќе започне изградбата на СЦ Џексон со капацитет до 1000 посетители.

Доизградба и целосна реконструкција на градскиот стадион со две модерни трибини и атлетска патека.

Изградба на сала за училишен спорт во населба Три Чешми и Караорман.

Превземање и доизградба на затворениот базен кој подолго време е во застој.

Изградба на сала за боречки спортови.

Најавувам дека во 2024 година секое населено место во нашиот град ќе добие модерни спортски терени и содржини, а спортските клубови и спортистите – финансиска поддршка за нивните достигнувања да бидат уште поголеми.

Голема благодарност до сите кои зедоа учество и дадоа поддршка во изработка на пријавата, до нашите сограѓани Никола Смилков, Трајче Димков, Билјана Попевска, Снежана Јованова, како и до нашите спортски клубови и спортски работници.

Ова е датум кој ќе биде испишан во историјата на Европа и нашиот град!

Ова е новата иднина за Штип“!

Фото: ФБ Иван Јорданов

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО