Стефан Стојановиќ е во финалето на Карате 1 Младинска лига во Венеција

Стефан Стојановиќ од Макпетрол е во финалето на Карате 1 Младинска лига во Венеција, Италија. Стојановиќ за златниот медал ќе се бори со Данил Касијанов од Украина.

Претходно Стојановиќ (+84 кг, У-21) забележа четири победи. Финалето е во недела.

Данило Божовиќ во репасажот забележа победа и пораз, така го освои 7-тото место. Јована Мицовска извојува две победи во репасажот и беше на чекор да се бори за бронзениот медал, но загуби од Хрватката Ирис Ковач 0-5, со што го освои 7-мото место.

Витомир Трајковски забележа три победи, а во четвртата загуби минимално 0-1 од Михаил Бугајов од Украина.

На турнирот се пријавени 4021 каратист со 4133 натпреварувачки влезови од 81 држава.

Резултати – Карате 1 Младинска лига Венција У-21:

67 кг
Димитар Лозановски – Хамза Џабер-Раис (Белгија) 2-1

75 кг
Григор Хаџикимов – Виктор Шевченко (Украина) 2-1
Григор Хаџикимов – Дино Шимунец (Хрватска) 0-0
Љупчо Михајлов – Матеј Горишек (Словенија) 0-2

-84 кг
Витомир Трајковски – Буаза Беласри (Франција) 9-1
Витомир Трајковски – Лоренцо Бисол (Италија) 5-1
Витомир Трајковски – Симон Приевозник (Словачка) 2-1
Витомир Трајковски – Максим Бухајов (Украина) 0-1

+84 кг
Стефан Стојановиќ – Михаил Бистричанов (Бугарија) 2-0
Стефан Стојановиќ – Амир Зуауи (Франција) 3-2
Стефан Стојановиќ – Жоакин Маркез Санчез (Венцуела) 1-0
Стефан Стојановиќ – Николаи Секот (Германија) 2-1
Финале
Стефан Стојановиќ – Данил Касијанов (Украина)

Данило Божовиќ – Светлин Занков (Бугарија) 5-1
Данило Божовиќ – Данил Касијанов (Украина) 0-1
Репасаж
Данило Божовиќ – Антонио Ијадареста (Италија) 1-0
Данило Божовиќ – Набил Беласри (Франција) 3-5

-50 кг
Ивана Јорданова – Амна Хаџиќ (БиХ) 0-0
Ивана Јорданова – Софија Мањана Орантес (Салвадор) 2-4

-55 кг
Рудина Алиу – Ванеса Дапас (Италија) 2-0
Рудина Алиу – Мубина Ресидбеговиќ (БиХ) 1-6

-61 кг
Јована Мицовска – Емина Шиповиќ (БиХ) 2-4
Репасаж
Јована Мицовска – Мартина Алтисимо (Италија) 4-0
Јована Мицовска – Ноелија Грау (Шпанија) 3-2
Јована Мицовска – Ирис Ковач (Хрватска) 0-5

Другите кратисти настапуваат утре и во сабота, во јуниори Андреј Басаров (+76 кг), Мила Панчева (-59 кг), Реџеп Рушити (-76 кг) и во У-14 Иса Елмази (+55 кг).

 

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО