Светски боксерски шампион скрши ребра на телевизиска ѕвезда

Светскиот шампион Џорџ Камбосос Јуниор за време на промоцијата на мечот го повреди ТВ водителот на „7 Њуз“ Грант Дениер.

Австралискиот боксер лесно боксираше за време на пријателскиот спаринг, а потоа во еден момент ТВ ѕвездата сакаше Џорџ да го удри посилно, така пореши.

„Мислев дека сум готов. Почнавме полека и тој ме пушти да го удрам. И тогаш сакав да се чувствувам како да е во реалноста и ме удри шест, седум пати и не можев повеќе да зборувам. Останав без воздух во градите“, рече Грант Дениер и продолжи:

„Бев беспомошен, не можев ни да побарам помош. Не можев да кажам ништо. Немаше воздух во моите бели дробови. Лицето ми ја смени бојата. Сакав да повратам, затоа што малку порано јадев сендвич.

Џорџ Камбосос Јуниор активно учествува во промовирањето на неговата следна борба за обединување на титулата.

Во рамките на промоцијата беше и овој пријателски дуел, ТВ водителот заврши со скршени ребра, а веројатно нема толку брзо да посака да има слично искуство.

Австралискиот боксер ги брани титулите на ВБА, ВБО и ИБФ што ги освои за прв пат на стадионот Марвел во Мелбурн на 5 јуни минатата година во ноември против Теофимо Лопез.

Камбосос (20-0, 10 КО) ќе боксира против шампионот на ВБЦ Амриканецот Девин Хени (27-0, 15 КО).

Боксерите потпишаа договори, а Австралиецот како трикратен шампион се заштити со клаузула која му гарантира реванш во случај на пораз.

Камбосос не го сакаше тој меч, туку се обиде да договори пресметка против Украинецот Васили Ломаченко.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО