Со одлично видео УФЦ ги потсети фановите на фантастичната кариера на Андерсон Силва

Бразилецот Андерсон Силва (47) е еден од најголемите ММА борци во историјата. „Спајдер“ има 34 победи во кариерата во УФЦ, а има 11 порази (седум во УФЦ).

Поранешниот шампион во средна категорија на најголемата светска ММА организација владееше од 2006 до 2013 година кога загуби од Крис Вајдман, од тој момент неговата ММА кариера тргна во надолна траекторија.

Тој отсекогаш бил пример за многу борци, а оние кои допрва доаѓаат можат многу да научат од него.

Бразилската легенда го напушти УФЦ по три порази во низа (Израел Адесања, Џаред Канониер и Ураја Хол), па се сврте кон боксот. Силва беше успешен во последните три бокс средби.

Тој ги победи Хулио Цезар Чавез Јуниор и неговиот поранешен колега Тито Ортиз, а неодамна беше подобар од Бруно Мачада.

Најсилната организација на светот преку својата серија „UFC Connected“ ги потсети фановите на наследството на Андерсон Силва.

„Тој е најголемиот борец на сите времиња“, рече шампионот на УФЦ во полусредна категорија, Џамахал Хил, а шампионот Гловер Тешеира додаде:

„Андерсон Силва беше Мухамед Али на нашиот спорт“.

Бразилецот често немаше поголеми проблеми со противниците, кои ги добиваше прилично лесно, а на секој меч влегуваше самоуверено со единствена цел мечот да го заврши што побрзо, да победи 23 пати со нокаут, три со „завршница“ и да слави во осум средби со одлука на судиите.

„Секогаш веруваше во себе и неговата самодоверба го правеше неверојатно застрашувачки. Мора да имате огромна самодоверба кога ќе влезете во кафезот и да бидете толку опуштени“, изјави Френки Едгар.

Спајдер десет пати ја бранеше титулата во средна категорија на УФЦ.

„Морам да признаам дека ми ласка кога некој мисли дека сте легенда во спортот“, изјави Андерсон Силва.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО