Обединетото светско борење (UWW/ОСБ) во согласност со Статутот и прописи ги суспендира федерациите во борење на Македонија-ФБСМ и на Црна Гора од секое натпреварување под покровителство на ОСБ – шампионати, турнири и меѓународни натпревари.
Ова е објавено на официјалниот веб-сајт на ОСБ.
Македонија должи околу 19.000 швајцарски франци на ОСБ за челнарини и регистрации на борачи кои добиле македонско државјанство.
Ipon.mk/В.Д.