Стивен Сигал доби руско државјанство потпишано од Путин

stiven-sigal-i-putin

Претседателот на Русија, Владимир Путин потпиша указ со кој му се доделува руско државјанство на мајсторот на боречките вештини и холивудски актер  Стивен Сигал, соопштија од Кремљ.

Популарниот „Нико“, како што гласи називот на еден од акционите ликови кои ги одглуми, јавно го поддржува анектирањето на Крим од страна на Русија, нешто што западните држави официјално експлицитно го отфрлија.

За „Росискаја Газета“ актерот изјави дека тој потег е „доста разумен“ во насока на заштита на руската заедница која живее на полуостровот.

Сигал израснал во Калифорнија, но има руско-монголско етничко потекло. Како што јави ДПА, тој често и ја посетува Русија, па при едно такво патување, се решил да побара руско државјанство.

Во 2013, од политичко-економски причини и францускиот глумец Жерар Депардје побара и доби руско државјанство.

Инаку, Сигал претходно годинава доби и српски пасош.

 

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО