Свечено отворено Балканското кик бокс првенство во Скопје

Денес и утре (04 и 05.09.2021) во големата спортска сала на А1 Арената Борис Трајковски во Скопје, во организација на Кикбокс маитаи федерацијата на Македонија под раководство на претседателот на истата м-р Дејан Митровски – Урко, нашата држава е домаќин на престижниот 15ти Балкански кикбокс шампионат. На овој настан учество земаат 190 натпреварувачи од Балканот од 6 земји учеснички – Босна и Херцеговина, Црна Гора, Словенија, Србија, Турција и домаќинот Македонија. Натпреварот беспрекорно организиран по теркот на светските натпревари, во величенствена атмосфера го отвори директорот на Агенцијата за млади и спорт Г-дин Наумче Мојсовски, а со своето присуство натпреварот го збогатија и поддржаа: г-дин Даниел Димевски – претседател на МОК, г-дин Рој Бејкер – Претседател на ВАКО, г- дин Иштван Кирали – претседател на ВАКО Европа, г-дин Салим Кајачи – претседател на ВАКО Медитеран и г-дин Владимир Ситар – претседател на ВАКО Балкан.

Претседателот на КМФМ м-р Дејан Митровски – Урко, им се заблагодари за поддршката на сите погоре споменати гости со пригодни плакети. Во склоп на шампионатот се одржа и состанок на Бордот на претседатели на ВАКО Балканската федерација, на кој се разговараше за претстојните натпревари, за приемот на кикбоксот како олимписки спорт и за селекцијата на дисциплини кои ќе бидат предложени како олимписки дисциплини.

Македонската репрезентација е најмногубројна на овој шампионот и ја претстави нашата држава со 75 натпреварувачи во сите дисциплини.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО