Борењето најтрофеен македонски спорт: 28 медали (5-ОИ, 4-СП и 19-ЕП-а) – најборач Шабан Трстена! (ФОТО)

55 borenje - site nagradeeni

Вечерва со свечена Академија во Музејот на македонската револуционерна борба беа однележани јубилеите 40 години „Македонски бисер“, 55 години борење во Македонија и 20 години од светската титула на БК Бучим и беше промовирана монографијата „Борење најтрофеен македонски спорт“.

55 borenje saban trstena prima nagrada

На најдобрите во историјата им беа доделени признанија. Секако, прв меѓу најдобрите е олимпискиот шампион Шабан Трстена, Шабан Сејди, Могамед Ибрагимов, Зоран Шоров, Насе Насев, Ванчо Чифлиганец, Бучим, Балканец, Спартак, Лирија, потоа Македонскиот Олимписки комитет, Агенцијата за млади и спорт.

55 borenje pozadina

Директорот на АМС,Марјан Спасеки, рече дека е време борењето да се врати на старите патеки и да го задржи приматот на спорт број 1 во Македонија. Тој и се заблагодари на плејадата борачи што така високо го кренаа борењето, како: Трестена, Сеиди, Ибаргимов, Шоров, Насев и други.

55 borenje Marjan Spaseski

„Ќе се гордееме на сите наши успеси“, истакна Спасески.

55 borenje Vasil Tupurkovski

Претседателот на МОК, Васил Тупурковски, истакна дека го славиме спортот и затоа на присутните величини ќе се сеќаваме и секогаш ќе се гордееме со нив.

„Спортот има свои подеми и падови, пак ќе дојде време да се подигне. Битно е да се развива. Така ќе ги паметиме златото на Шабан Трстена, медалот на Могамед Ибрагимов од Сиднеј…убеден сум дека уште ќе има резултати“, рече претседателот на МОК, додавајќи дека монографијата е одличен проект.

55 borenje Vanco Cifliganec

Претседателот на Федерацијата на боречките спортови на Македонија, Ванчо Чифлиганец, во совоето излагање се заложи сите да се обединат во еден правец „враќање на борењето на старите патеки – победничките“. Според него, тоа треба да се направи во период од 5-10 години, почнувајќи со работа од училиштата па се до министрествата.

„Ова е јубилеј на повеќе генерации, а борењето е спорт на човештвото кој дава енергија“, нагласи Чифлиганец, кој најпрво му се заблагодари на првиот претседател на борењето во Македонија, Круме Наумовски.

Тој реторички го постави прашањето: Зошто борењето е најтрофеен спорт?

„Освоени се 100 медали од Олимписки игри, Светски првенства, Европски првенства, Медитерански игри, Балкански шампоионти, клупски успеси“, потенцираше Чифлиганец.

55 borenje site stojat himna

Претседателот на ФБСМ и се заблагодари на МОК и АСМ, односно нивните водечки луѓе Тупурковски, Владимир Богоевски, Марјан Спасески, а голем аплауз на отворена сцена доби олимпискиот шампион Шабан Трстена за се она што го направил за македонскиот спорт, како и Ибрагимов, Сејдиу, Шоров и другите, на кои најсредчно и изрази благодарност. Тој не ги заборави медиумите и новинарите како Миодраг Мицковиќ и Киро Манев,кој има прв правел радио преноси од борењето.

borenje monografija

Монографијата „Борењето најтрофеен македонски спорт“ има 300 страници, целосен колор. Во неа се забележани сите настапи нанашите борачи на меѓународните првенства и домашната сцена, како и на клубовите и останатите борачки субјекти. Како редактор се јавува Горан Милковски, а стручни соработници се Насе Насев, Славчо Тодоров и Љубомир Лазаревски.

55 borenje saban Trsetna so priznieto

За најголемите

Шабан Трстена, олимписки првак од „Лос Анџелес 1984′ и вицепрвак од „Сеул 1988“; Шабан Сејдиу – двојниот освојувач на бронза од „Мосва 1980“ и „Лос Анџелес 1984“; Могамед Ибрагимов – носител на единствениот олимписки медал во самостојна Македонија, бронза од „Сиднеј 2000“. Насе Насев – поранешен слектор, под чие водство се освоени медалите. Сејдиу беше оправдано отсутен поради здравстевни проблеми, а Зоран Шоров, освојувач на медал од ЕП, ја почитуиваше најавата на својот клуб – дека ќе ја бојкотираат прославата и утрешниот „Македонски бисер“.

Ipon.mk/В.Д.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО

IPON