Она што се случуваше денеска на Европското првенство за помлади јуниори и јуниори во Будва, Црна Гора, може да се нарече лакрдија. Имено, нашиот тешкаш Адријан Аземи во првото коло се бореше со Украинецот Дмитро Баблиук и загуби со контроверзна судиска одлука 2-3.
По ова одлука нашиот табор поднесе жалба, која првично беше уважена. Арно ама, подоцна стигнал уште еден допис со кој се поништува првичната одлука и повторно победата му е доделена на Украинецот.
Инаку, во првата рунда му броеле на Аземи, а во третата на Бабилук.
Така, нашата најголема надеж за медал е одвозможена со чудни и контроверзни одулки и на судиите и на комисиите на ЕУБЦ на ЕП.
И Ајхан Озмен е поразен од Србинот Дарио Томиќ.
Резултати – ЕП 2021, Будва:
51 кг Хади Шехаби слободен 1. коло
63,5 кг Илхан Озмен – Фатјон Ручај (Албанија) 2-3
71 кг Ајхан Озмен – Дарио Томиќ (Србија) 0-5
+91 кг Ардијан Аземи – Дмитро Баблиук (Украина) 2-3