Судиите во борење не сакаат да судат без пари!

borenje

Утре се одржува Државното првенство за кадети во Скопје, но прашање е кој ќе суди.

Меѓународниот боречки судија од Штип, Марјан Лазаров, во името на меѓународните судии се обрати до ФБСМ: „Се договоривме да го бојкотираме утрешното а сите други првенства во иднина се додека не се регулираат и решат сите прашања. Четири години не се платени меѓународните маркици на меѓународните судии, со кои може да судат меѓународни средби. Постојано не лажат дека ќе ни ги исплатат заостанатите обврски, но ништо од тоа. Сега не не испраќаат на меѓународни првенства, како што е случајот со Европското првенство за младинци до 23 години во Полска. Во Македонија останавме без судии од прва категорија, а другите не може да напредуваат, бидејќи не судат на меѓународни првенства и турнири.На бојкотот на сите државни првенства се потпишаа сите судии: јас, Сане Арсов, Игор Христов, Мите Јованов, Илчо Марковски, Даниел Илиев, Гоце Андонов. Проблемите се сериозни и Федерацијата за боречки спортови на Македонија мора да ги реши, во спротивно ќе нема боречки натпревари во Македонија“, – ни изјави Марјан Лазаров.

ipon.mk/В.Д.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО