Судиите виновници што репрезентативците во традиционално таеквондо не освоија медал на СП, утре нова шанса

Македонската репрезентација во традиционална таеквондо (ИТФ) денес немаш среќа на Светското првенство во Астана–Казахстан, односно судиите не им дозволија да освојат медали.

Елена Јанеска (-70 кг, јуниори) во борби во осминафиналето извојува победа против натпреварувачка од Казахстан, но во четвртиналето е оштетена во борбата со руската репрезентативка. Инаку, ова и е прво учество и е подготвена за СП.

Давид Крстески и Христијана Паруелска во форми имаа по две победи, а според информациите од нашиот табор, во 1/4 финале се оштетени од судиите.

Утре во борби настапуваат Христијана Парулеска и Давид Крстески, ако нема судиски неправди во нашиот табор се надеваат на медал.

На СП учествуваат 1000 натореварувчи од 83 држави.

 

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО