Судиите му пресудија на Петар Заборски во финалето!

petar zaborski piedestal  original

Das ist nein kontakt-Тоа не е контакт, се зборовите на швајцарскиот коментатор што го реализраше пренесот од Европското превснство за кадети, јуниори и јуниори 21 за финалната борба на Петар Заборски со Антонио де Стефано (Италија) во категоријата до 76 килограми во јуниорска  конкуренција. Заборски го загуби финалето со казни од судиите, кои, можеби требаше да ги добие неговиот противник, на што алаудираше конемтаторот.

Иако борбата во регулраниот дел борбата заврши 1-1, но поради казни и недозволени удари, како што прецени главниот судија, однсоно 4 казни, се поништи целиот резултат и му се додели службен резултат на Италјанецот од 8-0.

Petera i Simona Zaborski

Сосема заслужено ќе беше и ако Заборски станеше шампион на Европа. Но, тој не треба да се разочарува, ова е голем успех за него и за македонското карате, зашто неговите предизвици ќе бидат уште поголеми, а времето е пред него.

petar so medal 2

Заборски од Макпетрол до финалето дојде откако ги победи Леон Марцијус од Хрватска со 3-0 , со 2-0 Максимилијан Бауер од Германија, Аликсандир Хурхам од Белорусија 4-3 и во полуфиналето беше подобар од Швеѓанецот Лудвиг Ингемансон со 2-1.

ipon.mk/В.Д.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО