Судењето на Каин Веласкез е одложено за август

Поранешниот шампион на УФЦ во тешка категорија, Каин Веласкез, доби уште едно одложување на неговото судење по обвиненијата за обид за убиство во округот Санта Клара, Калифорнија.

Во средата, судијата Пантеја Шабан го одобри барањето на адвокатот на Веласкез, Рене Хеслинг. Следниот датум е закажан за 2 август. Ова е трето одложување кое се бара за да се одреди датумот на судењето.

40-годишниот пензиониран борец се соочува со повеќе обвиненија. Во февруари минатата година, Веласкез започна брза бркотница во автомобил во кој се наоѓаше Хари Гуларте, човек обвинет за малтретирање на синот на Веласкез во дневен престој во сопственост на неговата мајка.

Веласкез наводно го бркал возилото додека пукал со пиштол. Веласкез подоцна беше уапсен и обвинет за обид за убиство. Следните осум месеци ги помина зад решетки откако постојано му беше одбивана кауцијата.

Судијата Артур Боканегра на крајот, минатиот ноември, го одобри неговото ослободување со кауција од 1 милион долари. Оттогаш, Веласкез доби дозвола да се појавува на професионални настани во борење, како и на други хуманитарни настани додека е слободен.

На Веласкез му се заканува доживотна затворска казна доколку биде осуден по сите обвиненија.

 

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО