Столе Ефтимов го освои првото место на Меѓународен турнир „Мухамет Мало“ во Тирана-Албанија, во категоријата до 97 килограми.
Ефтимов во финалето славеше против борач од Романија.
На турнирот настапуваат борачи од 10 држави – Англија, Австрија, Италија, Малта, Романија, Македонија, Бугарија, Азербејџан, Косово и Албанија.