Стиви Реј уште еднаш го победи Ентони Петтис, Ахмедов го совлада Силвеира

Во главната борба на настанот ПФЛ 7 што се одржа во Њујорк шкотскиот борец Стиви Реј го победи Ентони Петис со едногласна одлука на судиите.

Тоа беше втора победа по ред за Реј против Петтис, кого во јуни го победи со завршница.

Тоа беше 25-та победа во кариерата на Шкотланѓанецот, а четврти пораз на Ентони во последните пет натпревари.

Во конасловната борба Омари Ахмедов со едногласна одлука на судиите го победи Џош Силвеира.

Во финалето на турнирот во лесна категорија на ПФЛ ќе се борат Стиви Реј и Оливие Обин-Мерсиер, кој со едногласна одлука го победи Алекс Мартинез.

Во финалето во полутешка категорија за награда од еден милион долари ќе се сретнат Омари Ахмедов и Роб Вилкинсон, кој со нокаут го победи Делано Монте.

Резултати од настанот ПФЛ 7:
Стиви Реј – Ентони Петис – едногласна одлука (29–28, 29–28, 29–28)
Омари Ахмедов – Џош Силвеира – едногласна одлука (30–27, 30–27, 29–28)
Оливие Обин-Мерсие – Алекс Мартинез – едногласна одлука (30–27, 30–26, 30–26)
Роб Вилкинсон – Делан Монте – КО, Р1(1:37)

Воведни борби:
Ицо Бабулаидѕе – Махмуд Фаузи – ТКО, Р1 (4:30)
Мартин Хамлет – Кори Хендрикс – поделена одлука (29–28, 28–29, 29–28)
Марсело Нунес – Дилан Потер – завр. (гушење со рачен триаголник), Р1 (1:47)
Алексеј Перганде – Елвис Леброн Квилс – поделена одлука (29–28, 28–29, 29–28)
Елвин Еспиноза – Кори Џексон – едногласна одлука (30–27, 29–28, 29–28)
Брахјан Цурчер – Рикардо Хименез – едногласна одлука (30–27, 30–27, 30–26).

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО