Стивенсон ќе се бори со Карпенси (ВИДЕО)

Adonis Stivenson

Адонис Стивенсон (Канада) ќе го брани појасот на Светскиот боксерски совет во лесно -тешка категорија против деветтиот во ранглистата на Организацијата, Томи Карпенси, на галавечер во Торонто, Канада. Мечот ќе се одржи на 11 септември.

„Подготвен сум да средба. Ќе работам напорно, ќе бидам фокусиран и во никој случај нема да го потценам мојот противник“, изјави Стивенсон, кој има 26 победи (21 со нокаут) и 1 пораз.

Карпенси беше категоричен во своето обраќање.

„Откако ќе забележам победа, веќе нема кој да ме запре – прокоментира претендентот (25 победи – 14 со нокаут, 4 порази и 1 нерешена). – Мојата работа е да го добијам овој дуел“.На истата галавечер поранешниот противник на Мајк Тајсон – Донован Ридок – ќе се врати на рингот. Ветеранот, кој има 51 година, ќе се бори со Дилан Кармен.

https://youtu.be/h5e7gupsQMg

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО