Букмејкерите го отпишаа Берт во мечот со Мејведер

Andre bert

Следниот противник на Флојд Мејведер – Андре Берт, е тотално отпишан од букмејкерите за мечот на 12 септември. Обложувалниците од целиот свет супер ѕвездата Мејведер го прогласија за огромен фаворит. Коефициентите се во негова корист и се движат меѓу 1.01 и 1.02. Стапката за Берт достигнува до 81.

 Телевизискиот канал „Шоутајм“ исто така прогнозира дека следниот противник на Флојд нема да биде никаков проблем за него. Цената на платениот пренос на мечот е сериозно намалена во споредба со онаа меќу Мејведер – Пакијао. Сега навивачите ќе може да ја гледаат средбата за 64,95 или за 74,95 долари во ХД формат. За споредба, средбата со Мани беше од 89,95 и 99,95 долари за ХД.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО