Стивен Фултон го детронизира светскиот шампион Брендон Фигуероа (ВИДЕО)

Американецот Стивен Фултон искомбинира две светски титули во категоријата супер „петел“.

27-годишниот шампион на ВБО сега го поседува појасот ВБЦ откако синоќа го победи поранешниот шампион Брендан Фигуероа. Средбата кој се одржа во Лас Вегас заврши со победа со едногласна одлука (116-112, 116-112 и 114-114) во корист на Фултон.

Тоа беше првиот пораз во професионалната кариера на 24-годишниот Фигуероа, кој до пред неколку месеци го држеше ВБА појасот до 55 килограми, но Светската боксерска асоцијација му го одзеде поради неговиот избор да се бори со Фултон.

Двајцата боксери покажаа волја и желба за победа, а Фултон одлично го користеше левиот директ во текот на целиот меч, забележувајќи и задвајќи тешки удари кога ќе посака. Фигуероа повеќе се потпираше на пократки и посилни комбинации, кои, сепак, никогаш не се покажаа како проблем за Фултон.

Новиот шампион имаше сериозни проблеми во средните рунди, но успеа да направи силен финиш и без жалба да ги добие последните два дела и со тоа да обезбеди победа во очите на двајца од судиите.

Така, Фултон има одлична можност за меч да ги обедини сите појаси против шампионот на ВБА и ИБФ – Муројон Ахмадалиев од Узбекистан.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО