Стипе Миочиќ се враќа во октагонот

Шампионот во тешка категорија Стипе Миочиќ на својот профил на социјалните медиуми изјави дека е време да се врати во кафезот.

37-годишниот ветеран е во првите редови на борбата против КОВИД-19 и се фокусираше само на тоа. Даниел Кормиер и Френсис Нгану не беа задоволни што категоријата е во застој и го повикаа УФЦ да преземе акција.

Дана Вајт интервенираше и се закани дека ќе му ја одземе титулата од Миочиќ, кој запрепастен од ова и реши да дејствува. Стипе е подготвен да ја брани титулата, најверојатно против поранешниот шампион Даниел Кормиер. Тие веќе имаа две битки, во кои си разменија по една победа со нокаут. Сега е време за трилогија што ќе биде последната ММА борба за Кормиер.

И двајцата борци веруваат дека ќе победат, но на крајот само еден ќе замине со рацете нагоре. Кој ќе биде тој?

Миочиќ: „Дојде време, кој е подготвен“?!

https://www.instagram.com/p/CBJEaTpJyix/?utm_source=ig_embed

 

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО