Аманда Нунес до крајот на годината нема да се бори

Двократната шампионка Аманда Нунес ја одбрани титулата во перо категорија и сега планира да одмори до крајот на годината. „Леоа/ Лавица“ забележа победа над Фелисија Спенсер викендов во главната борба на УФЦ 250.

Бразилката настапи многу силно и не и даде никакви шанси на предизвикувачката. Таа влезе во серија од 11 последователни победи и може да се пофали дека ги брани нејзините две титули додека тие сè уште се наоѓаат кај неа.

32-годишниот шампионка не загубила меч повеќе од 5 години и за 3 месеци ќе има дете со својата партнерка Нина Ансароф.

„Дефинитивно ќе одморам. Треба да видам што се случува со нозете. Секогаш добивам повреди на нозете и морам да видам што се случува. Нашето бебе ќе се роди за три месеци. Мораме да организираме многу работи, да ја средиме нејзината соба. Навистина ми треба пауза во моментов.

Мислам, дефинитивно ќе бидам во аут до крајот на годината. Благодарние на сите што нè поддржаа. Благодарност до тренерите, семејството, пријателите и навивачите. Им благодарам на креаторот на рајот и земјата за оваа можност“, рече Нунес.

https://www.instagram.com/p/CBHzJjOAag6/?utm_source=ig_embed

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО