Мек Грегор: ММА веќе не ме возбудува

Вчера, големата ѕвезда на УФЦ, Конор Мек Грегор уште еднаш објави дека се повлекува од ММА.

Поранешниот шампион во две различни категории тоа го објави на социјалните медиуми, но малкумина му веруваат, затоа што Конор во последните неколку години се повлекува во пензија и повторно се враќа.

На почетокот на годината забележа победа во нокаут за 40 секунди над Доналд Цероне и го привлече вниманието за титулата во лесна категорија.

За жал, УФЦ има други планови и ќе организира борба меѓу Џастин Гејџи и Хабиб Нурмагомедов за обединување на привремената и неприкосновената титула. „Озлогласениот“ не е среќен поради ова и сакаше да се бори со Гејџи, за да ја размрда категоријата. Сепак, УФЦ го одби и наместо тоа му понуди глупави борби што не ги сакаше. Сега Мек Грегор вели дека повеќе не е возбуден за битките и завршува со борбите.

„Борбата повеќе не ме возбудува. Сето ова чекање, во кое ништо не се случува. Гледам во различни опции, но ништо не се случува. Нема што да ме возбуди, а УФЦ мораше да ги придвижи работите. Зошто ја одложуваат битката меѓу Хабиб и Гејџи за септември? Сите знаеме дека битката нема да се одржи, затоа што еден ќе се повлече, а друг ќе го замени. Ги стокмив плановите и им ги кажав, но тие рекоа не.

Што и да им кажам – УФЦ оди против него. Очигледно сакаат да покажат одредена сила. Требаше да ни дадат да бориме со Гејџи  за привремената титула и да ги раздвижат работите. Имав планови за мојата сезона во 2020 година, а тие ме мотаа и ми нудеа глупави битки. Не ми е грижа. Нема ништо за мене во овој спорт. Се обидував да останам возбуден и Силва ми предложи меч, а тоа би бил див судир.

Сите почнаа да зборуваат дека е стар и дека завршило негоивото време. За мене тој е најголем во борбите, за нив ова нема да е добра битка? Всушност, тоа навистина е така, затоа што ќе го победам, а потоа ќе речат дека бил стар и слични работи. Не знам, се е лудо. Изгубив тежина за лесна категорија, а тие ме згазија. Не знам зошто УФЦ го прави тоа. Не знам што носи иднината“, вели Мек Грегор.

https://www.instagram.com/p/CBJAgShJX5a/?utm_source=ig_embed

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО