Стипе Миочиќ против Џонс за појасот во тешка категорија

Легендарниот Стипе Миочиќ повторно се враќа во октагонот после две години, потврди шефот на УФЦ, Дана Вајт.

40-годишниот американски борец со хрватско потекло на 11 ноември во Њујорк ќе се бори против актуелниот шампион, 35-годишниот Џон Џонс за појасот во тешка категорија.

Две години и четири месеци минаа откако Нгану го нокаутираше, па Стипе уште тогаш најави дека кога тогаш ќе го врати појасот во своја сопственост. Се повлече по поразот во семејната оаза, долго одмарајќи, за сега да одлучи повторно да се врати.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО

IPON