Стипе Миочиќ порача: Далеку од тоа дека е готово!

Американскиот борец со хрватски корени Стипе Миочиќ не настапи на настанот УФЦ 295 кој ќе се одржи на 11 ноември во Њујорк.

Миочиќ за појасот во тешка категорија требаше да се бори против шампионот Џон Џонс кој ја откажа борбата поради повреда.

Најголемиот тешкаш во историјата на УФЦ својот последен настап го имаше во март 2021 година кога во меч за титулата загуби од Френсис Нгану.

Уште пред овој меч се шпекулираше дека тоа би можело да биде последна борба во кариерата на Стипе откако во август го прослави 41 роденден.

Многумина сметаат дека тој сега е уште поблиску до пензија, без разлика што од УФЦ најавија дека повторно ќе се обидат да договорат меч меѓу Миочиќ и Џонс.

Но, ако го прашате Стипе, тој во објава на социјалните мрежи даде јасен одговор:

„Далеку од тоа дека е готово“.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Stipe Miocic (@stipemiocic)

Настанот во Медисон сквер гарден го предводи борбата за титулата во полутешка категорија меѓу Јиржи Прохаска и Алекс Переира, додека борбата за титулата за привремениот шампион во тешка категорија ќе ги гледаме Сергеј Павлович и Том Аспинал.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО