Стипе Миочиќ ја одржува формата за да биде максимално подготвен за борбата против Џон Џонс (ВИДЕО)

Најдобриот тешкаш во историјата на УФЦ, Стипе Миочиќ, требаше да се врати во октагонот во ноември минатата година, но шампионот Џон Џонс се повреди на тренинг неколку недели пред борбата, па мораше да го откаже мечот.

На програмата на настанот ФЦ 295 во Њујорк, наместо нивна пресметка, имаше дуел за појасот на привремениот шампион во тешка категорија, во кој Том Аспинал го нокаутира Сергеј Павловиќ за 69 секунди.

Американскиот борец со хрватски корени со нетрпение ја очекува борбата против Боунс, и продолжува да се подготвува за да ја одржи формата. Миочиќ последниот меч го имаше во март 2021 година, кога го загуби појасот во поразот од Френсис Нгану.

Деновиве Стипе на социјалните мрежи објави видео од својот тренинг и покажа како ќе биде целосно подготвен за дуелот против Џонс кој треба да се одржи оваа година.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Stipe Miocic (@stipemiocic)

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО