Објавен е постерот за УФЦ 298, Волкановски-Топурија

Го објавија постерот за настанот УФЦ 298 на 17-ти февруари во Анахајм, Калифорнија.

Во главната борба ќе гледаме борба за титулата во перо категорија. Шампионот Александар Волкановски се соочува со гладен предизвикувач, Илија Топурија. Алекс ќе бара да се докаже откако двапати загуби од Ислам Махачев во 2023 година. Топурија, пак,  веќе се прогласи за шампион и смета дека победата е сигурна.

Еве како изгледа борбената картичка досега, како и постерот:

Александар Волкановски (в) – Илија Топурија
Џеф Нил – Јан Мачадо Гари
Мераб Двалишвили – Хенри Сехудо
Ентони Хернандез – Икрам Алискеров
Мекензи Дерн – Аманда Лемос
Рожерио де Лима – Џастин Тафа
Жанг Мингјанг – Бренсон Рибеиро
Андреа Ли – Миранда Маверик
Роберт Витакер – Пауло Коста
Риња Накамура – Брејди Хистанд
Обан Елиот – Валентин Вудбурн
А.Ј. Добсон – Тресеан Гор
Дени Барлоу – Џош Квинлан

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО