Стипе Миочиќ ги повика борците да и помагаат на луѓето

Стипе Миочиќ, шампионот во тешка категорија во УФЦ, не престанува да работи и им помага на луѓето. Роден во Хрватска, работи како пожарникар и дава се од себе за да го направи неговиот град подобро место за живеење. Миочиќ ги повикува неговите колеги од ММА да направат влијание во нивните општества за време на пандемијата на коронавирусот.

Стипе е еден од ретките шампиони во УФЦ кој работи втора работа, но за него пожарникарството му е поважно од борбечката кариера. Тоа е нешто што планира да го направи, без оглед на тоа како ќе му оди кариерата во УФЦ.

„Фокусиран сум да бидам првиот што ќе одговори. Не само затоа што сум дал заклетва, туку навистина сакам да им помогнам на оние кои имаат потреба. Се надевам дека наскоро сите ќе се бориме и ќе се вратиме во нашата нормална дневна рутина. Сега ќе треба да влијаеме врз нашите заедници“, им порача Миочиќ на сите борци.

https://www.instagram.com/p/B92FZxwJ6eW/?utm_source=ig_embed

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО