Стерлинг се надева на борба со Александар Волкановски

Волкановски ја одбрани титула по петти пат победувајќи го Јаир Родригез во перо категоријата на УФЦ. Пред средбата со Родригез Волкановски се обиде да стане шампион во две дивизии со тоа што се искачи во лесна категорија за да го освои појасот. За жал на „Великиот“, во борбата против Ислам Махачев, судиите со едногласна одлука решија победата да му ја доделат на Дагестанецот.

Волкановски се уште се надева дека ќе добие втора шанса против Махачев, но не е познато кога тоа би можело да биде возможно. Во перо категорија Илија Топурија се искачува на ранг-листата и најверојатно ќе биде следниот кандидат за титулата. Меѓутоа, ако Стерлинг може да го помине Шон О’Мели во претстојна одбрана на титулата во бантам категорија на УФЦ 292 на 19 август 2023 година, Стерлинг се надева дека ќе ја предизвика австралиската легенда со македонско потекло.

„Би сакал да се соочам со него пред да ги закачи ракавиците и да каже дека се е кажано и направено“, изјави Стерлинг на својот канал на Јутјуб. „Ја пропуштив можноста да се борам со Хозе Алдо. Се обидував да се борам со некои од овие луѓе кои се сметаат за најголеми или најпознати имиња. Петар Јан, Кори Сандхаген, Т.Џ. Дилашо, Хенри Сехудо, а сега и против Шон, кој ќе биде мојот момент како Конор Мек Грегор. Тогаш имам можност да се соочам со Волкановски, што би било вистинско наследство-дефинирачки момент во мојата кариера. Би рекол и за него“.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО