Стефановски, Рунчев и Ристов ќе имаат борби на Сикст фајт најт во Сплит!

Rade Stefanovski

На Сикст фајт најт чемпион 2 (Sixt Fight Night Champion 2) на 22 август во Сплит, Хрватска, ќе учествуваат тројца натпреварувачи од Македонија: Александар Ристовски и Дејан Стефановски ММА клубот Будо од Велес и Дарко Рунчев Самурај од Штип.

На турнирот ќе има борби во ММА, К-1 и граплинг.plakat-priprema1

На 21 август е Светското првенство во мешани боречки спортови, на 22 е Фајт најт и на 23 е Хол оф фејм, каде што ќе бидат промовирани неколку значајни имиња од боречкиот свет.

Дејан Стефановски (-77 кг) ќе се бори против Никола Карабува од Србија, во четвртата борба на турнирот. Дарко Рунчев (-77 кг) го очекува многу тешка борба, не само што ќе се бори со еден од најдобрите ММА борци во Хрватска, Лука Чурковиќ, туку тој е пет клиограми полесен од противникот. Домашниот борец Тео Радниќ ќе му биде противник на Александар Ристовски во категоријата до 93 кг..

„Имаат многу силни противници, но верувам во нивната подготвеност и ќе дадат се од себе за да остварат победи. Сепак, ова ќе биде и драгоцено искуство за нашите идни настани“, вели тренерот Раде Стефановски.

Дејан Стефановски се надева на победа, иако подготвителниот период бил краток. Сепак, најголемата поддршка ќе ја има од Маро Перак, кој ќе биде во неговиот агол како тренер. со него и ќе ја подготвува тактиката.

Рунчев вели: „Поканата за борба ја добив пред само еден месец. Тоа е краток период за кавлитетна подготовка, сепак, тренирав секој ден и мислам дека сум подготвен. Не можам да ја одбијам оваа понуда. Тренирам секојдневно со моите тренинг партнери“.

stefanovski udira

На турнирот, како специјални гости, ќе се појават Ернесто Хуст, еден од најдобрите кикбоксери на сите времиња, и еден од најдобрите европски, односно светски кик боксери, Младен Брестовац.

Darko Runcev

Сикст фајт најт чемпион 2 ќе се одржи во сплитската сала „Висока“, со почеток во 21 часот.

ipon.mk/В.Д.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО