Стефаноски на 16 април се бори со Секулиќ, а борбата за која живее е две недели подоцна

Dejan Stefanoski plakat za 16 april 2016

Македонскиот ММА борец, Дејан Стефаноски, на 16 април ќе се бори со  Стефан Секулиќ од Србија на „Сербиан бател чемпионшип 9“ (СБЦ) во Нови Сад, Србија.

Dejan Stefanoski so zname

„Секулиќ е одличен граплер и таеквондо мајстор. Со сигурност можам да кажам дека е еден од најдобрите ММА борци на нашите простори. Тој е одличен борец и можеби не требаше да ја прифатам борбата со него за така краток период. Морав, заради искуство. Сепак, за  борбата во Германија ќе ми треба искуство. Ќе дадам се од себе Секулиќ да не помине туку така“, вели Дејан Стефаноски за противникот на СБЦ, додавајќи дека ќе биде жешко во кафезот кога паданат првите удари.

По оваа борба тоја на 30 април ќе има меч во Германија, кој пред извесно време го одложи породи повреда на ногата во последен момент.

Dejan kaj Pink Panter

„Максимално се подготвувам, само имам малку спаринг партнери, ама кондициски сум врвно подготвен. На 30 април е борбата за која живеам. За тој ден ќе се истепам машки, до крај. Ќе го оставам срцето во кафезот“, вели Стефаноски, кој за Србија заминува во четврток со менаџерот Благоја Пашоски и двајца колеги од клубот, но, за жал, тенерот Раде Стефановски нема да биде со него, бидејќи ќе оди на пат. Тој ги поздравува спонзорите, тренерите и неговите фанови.

Дејан  најваува уште една борба, на 5 јуни во Москва, Русија.

Ipon.mk/В. Д.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО