Стефан Стојановиќ го освои второто сребро за Македонија на Светското првенство

Стефан Стојановиќ (+84 кг) се закити со сребрен медал на Светското првенство во Коња, Турција, отакако во финалето загуби со 1-6 од Санад Суфјани од Саудиска Арабија.

Поведе противникот, Стојановиќ изедначи, но потоа поентираше Суфјани.

Сепак, ова е голем успех за македонското карате, бидејќи освои две сребра на СП. Пред неколку минути со сребро се закити и Витомир Трајковски.

Тренерите од матичниот клуб Макпетрол Петар Заборски и Бошко Заборски се горди на своите каратисти кои постигнаа историски успех со освојувањето на две сребра на СП.

На СП настапуваат 1859 каратисти од 105 држави.

Резултати СП:

+84кг
Стефан Стојановиќ – Сергио Карвоунис (Грција) 2-0
Стефан Стојановиќ – Мирлинд Реџепи (Косово) 1-0
Стефан Стојановиќ – Едуард Саглијан (САД) 2-1
Стефан Стојановиќ – Анес Бостанџиќ (БиХ) 2-1
Полуфинале
Стефан Стојановиќ – Осман Османли (Азербејџан) 2-0
Финале
Стефан Стојановиќ – Санад Суфјани (Саудиска Арабија) 1-6

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО

IPON