Стефан Стојановиќ европски карате шампион

Стефан Стојановиќ е европски шампион.

Македонскиот репрезентативец во финалето на Европското карате првенство за кадети, јуниори и У-21 во јуниорска конкуренција во категоријата над 76 килограми славеше против Италијанецот Матео Авназини со 5-4.

Стојановиќ водеше тешка борба и буквално во последната секунда ја обезбеди титулата при резултат 4-4, а кој го изадначи Италијанецот на две секунди пред крајот. Нашиот каратист брзо реагираше и зададе шампионски удар.

Резултатот тргна со 1-1, 1-2, 2-2, 3-2, 3-3, 4-3, 4-4 и 5-4.

На патот до финалето славеше против Амир Зуауи (Франција) 4-2,  Мартин Елијас (Чешка) 3-2, Артјом Јермолаев (Латвија) и Хуберт Јароцки (Полска) 2-1.

Претходно две петти места на ЕП за кадети.

Тренерот Петар Заборски е горд на својот каратист, бидејќи сето она што беше како подоготвка Стефан го изработи и го освои златниот медал.

Бошко Заборски, стартегот на Макпетрол, му го честиташе успехот и на Стојановиќ и тренерот Петар.

Да потсетиме, Макодонија освои три медали, Матеј Белистојаноски денес бронзен и вчера Андреј Басаров сребрен во кадетска конкуренција во категоријата над 70 килограми.

ЕП 2021 Тампере:

+76 кг
Стефан Стојановиќ – Амир Зуауи (Франција) 4-2
Стефан Стојановиќ – Мартин Елијас (Чешка) 3-2
Стефан Стојановиќ – Артјом Јермолаев (Латвија)
Стефан Стојановиќ – Хуберт Јароцки (Полска) 2-1
Финале
Стефан Стојановиќ – Матео Аванзини (Италија)
5-4

Борбата е на -45:00.

 

 

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО

IPON