Стефан Стојановиќ е во финалето на Европското карате првенство

Стефан Стојановиќ се избори за уште едно македонско финале на Европското карате првенство за кадети, јуниори и У-21 во јуниорска конкуренција во категоријата над 76 килограми. Стојановиќ вечерва за златниот медал ќе се бори против Италијанецот Матео Авназини.

Матео Белистојаноски ќе се бори за брозениот медал.

На патот до финалето славеше против Амир Зуауи (Франција) 4-2,  Мартин Елијас (Чешка) 3-2, Артјом Јермолаев (Латвија) и Хуберт Јароцки (Полска) 2-1.

Младиот тренер Петар Заборски кој работеше во подготвителниот период со Стефан е задоволен од учинокот на својот ученик и е оптимист пред финалето, верува во квалитетот на Стојановиќ и освојувањето на европската титула.

Исто така и првиот човек на Макпетрол, под чиј стручен надзор се подготвуваа каратистите за ова ЕП, Бошко Заборски, искажува задоволство од пласманот во финалето на Стојановиќ и ја нагласува синергијата на младоста и полтеноста меѓу тренерот Петар и натпреварувачот Стефан.

Ова е голем успех за нашиот карате тешкаш и мотивација повеќе да успее во финалето.

Машкиот ката тим го освои седмото место, а женскиот деветото. Љупче Михајловски имаше забележителен настап, малку му неодстасуваше да се вмеша во борбата за медалите.

Јована Мицовска е девета.

Да потсетиме, вчера Андреј Басаров го освои сребрениот меда во кадетска конкуренција во категоријата над 70 килограми.

ЕП 2021 Тампере:

Ката тим мажи (Андриќ, Пешков, Спасовски) јуниори -22,94 – трети во групата

Во вториот круг 22, 26 – не беше доволно за распределбата на медалите – Франција 24, 2, Турција 23,66 и Русија 23, 38. Македонија (ката тимот) – 7-ма во вкупниот пласман на ЕП.
Ката тим жени (Грозданова, Манчевска, Стојкова) кадети/ јуниори – 21,14 – 5-ти во група – 9-ти во вкупниот пласман на ЕП.

Јуниори борби
-48 кг
Канита Бериша – Маша Мегајна (Словенија) 3-11
-53 кг
Рудина Алиу – Ела Петан (Словенија) 1-2
-59 кг
Јована Мицовска – Камиле Сциукате (Литванија) 7-0
Јована Мицовска – Нејра Шиповиќ (Босна и Херцеговина) 0-4
Репасаж
Јована Мицовска – Суада Каримова (Азербејџан) 2-3
+59 кг
Јусра Адеми – Кристин Матис (Австрија) 2-3

-55 кг
Матеј Белистојаноски – Алфонсо Авезедо (Португалија) 5-1
Матеј Белистојаноски – Коре Ансел (Германиај) 1-0
Матеј Белистојаноски – Жарко Коларов (Србија) 4-1
Матеј Белистојаноски –Мариуш Василе (Романија) 2-2
За бронза
Матеј Белистојаноски – Максим Каширски (Белорусија)

-61 кг
Бојан Костов – Мер Газарјан (Ерменија) 1-0
Бојан Костов – Јакуб Манко (Словачка) 3-1
Бојан Костов – Ерхан Торнаци (Романија) 0-0

-68 кг
Љупче Михајлов – Џош Рамос (Исланд) 9-1
Љупче Михајлов – Јаник Боелер (Австрија) 1-0
Љупче Михајлов – Арциом Азаркиевич (Белорусија) 4-3
Љупче Михајлов – Петар Орландиќ (Србија) 0-0

-76 кг
Андреј Ангеловски – Микита Шахов (Белорусија) 4-5

+76 кг
Стефан Стојановиќ – Амир Зуауи (Франција) 4-2
Стефан Стојановиќ – Мартин Елијас (Чешка) 3-2
Стефан Стојановиќ – Артјом Јермолаев (Латвија)
Стефан Стојановиќ – Хуберт Јароцки (Полска) 2-1
Финале
Стефан Стојановиќ – Матео Аванзини (Италија)

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО