Стефан Пецевски: Публиката ќе ужива гледајќи ги „модерните гладијатори”„

Setfan Pecevski sam vo Minhen

Стефан Пецевски деновиве е најексплотираната личност од светот на боречките спортови во Македонија по успехот во Загреб на Кроација про џиу џица чемпионшип. Тоа ти помага или одмага пред твојата втора ММА борба на турнирот во Велес?

-Успехот во Хрватска многу ми помага за следната ММА борба. Имам поголема самодоверба бидејќи сум во борбена форма.

Минатата година извојува атрактивна победа со примена на твојата специјалност – бразилското џиу џиуцу. Годинава што може да очекуваме во средбата со Стефан Манчиќ од Србија? Што знаеш за твојот противник?

-Мислам дека сите го знаат мојот стил на борба. Сакам да ја однесам борбата во партер,, што е мој домашен терен, да му направам зафат на противникот што е можно побрзо или да го завршам со технички нокаут преку нанесување на удари. Оваа година ќе гледам да биде некој атрактивен зафат во стилот на Шиња Аоки.

Во прв план беше да се борам со Стефан Манчиќ од Србија, но противникот ја откажа борбата. За среќа имам нов противник. Неговото име е Саша Савиќ од Република Српска. Знам дека има 6 ММА борби. Мислам дека е борец со слободен стил и дека не застапува одредена боречка вештина. Сметам дека во граплинг делот сум подготвен од него, со оглед на тоа што четири години се натпреварувам на џиу џицу турнири, а имам и 3 ММА борби без пораз.

Setfan Pecesvki nakral Marko udira

По успесите очите на јавноста и публиката ќе бидат свтрени кон тебе, како еден од главните канидати за трофејот „Најдобар борец“. Дали е тоа притисок или можеби мотив повеќе 5.000-та публика да го виде новиот македонски херој?

-Не ми е прв пат да се борам пред толкав голем број на публика. Секако дека публиката ќе биде дополнителен мотив за победа. Многу пријатели ќе бидат таму да ги гледаат борбите, како и целата екипа од мојот матичен клуб „Д’ Стронгест“. Борбите во кафез се реткост во Македонија и мислам дека публиката ќе ужива гледајќи ги „модерните гладијатори”.

.„Ноќ на вечните – засекогаш со вас“! Што значи за тебе името на турнирот во Велес?

-Овој турнир е еден вид меморијален настан во чест на загинатите припадници на безбедносните сили кои загинаа во престрелките во Куманово на 9 и 10 мај 2015 година. Чест ми е да бидам дел од овој настан и се надевам дека македонските борци ќе доминираат.

ММА турнир „Ноќ на вечните – засекогаш со вас“ ќе се одржи на 8 октомври во спортската сала „Гемиџии“ со почеток во 19 часот.

Организаторот има посебни награди за најдобриот борец на вечерта и за најборбениот пар.

Фјат-карта – „Ноќ на вечните – засекогаш со вас“:

-78 кг Мирза Сендиќ (МКД) – Изет Орлиќ (БиХ)

-84 кг Игор Лазаревски – Милош Јанчиќ (ЦГ)

-75 кг Ристе Гашев (МКД) – Јасмин Вршкиќ (БиХ)

-70 кг Филип Божиновски (МКД) – Анто Палавара (БиХ)

-63 кг Александар Заткоски (МКД) – Небојша Богдановиќ (ЦГ)

-72 кг Стефан Спасовски (МКД) – Маринко Зарубица (ЦГ)

-77 кг Стефан Пецевски (МКД) – Саша Савиќ (БиХ)

-77 кг Илија Андов (МКД) – Иван Скоко (ЦГ)

-70 кг Филип Стефановски (МКД) – Нино Шкрељ (ЦГ)

Ipon.mk/В.Д.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО

IPON