Стефан Пецевски – Џевад Муфтиќ нерешено во главната борба на МФЦ 6 (ФОТО/ВИДЕО)

Подгорица синоќа беше домаќин на МФЦ 6 (Монтенегро фајтинг чемпионшип) на кој се одржаа две полупрофесионални-битки и осум професионални борби од  кои повеќето од битките завршија со прекин во првата рунда.

Во главната борба вечерта се спротивставија Џевад Муфтиќ и нашиот Стефан Пецевски во категоријата до 77 килограми. Според коментарите на црногорските и српските медиуми, борбата меѓу Муфтиќ и Пецевски завршила со чудна одлука – нерешено. Пецевски го имал на грб Муфтиќ во втората рунда, но не ја заврши борбата во негова корист. Муфтиќ поголемиот дел од борбата го поминал на највисоко ниво, успешно се бранел од уривањата на Пецевски, покажаувајќи дека технички е подобар борец во стоење. Коментаторите пред прогласувањето изјавувале дека нема сомневање дека борбата ќе оди во корист на Муфтиќ. Сепак, борбата беше прогласена за нерешена.

Останатите наши претставници се поразени.

МФЦ 6:
Џевад Муфтиќ – Стефан Пецевски – нерешено
Никола Блечиќ – Станислав Крофак – едногласна одлука на судиите
Марко Николиќ – Слободан Вукиќ – нокаут во првата рунда
Милош Јеничиќ – Мирза Сендиќ – давење во првата рунда
Дамир Куловиќ – Блаже Дардов – со гилотина во првата рунда
Небојша Богдановиќ – Филип Божиновски – едногласна одлука на судиите
Воислав Јаниќјевиќ – Радован Вуковиќ – едногласна одлука на судиите
Матија Милашиновиќ – Мирко Јовиќ – армбар во првата рунда
Јован Мејелевиќ од Миладин Коларски – армбар во првата рунда

Овде може да ги погледнете сите борби ВИДЕО.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО