На Меѓународниот карате турнир „Софија опен“ Стефан Миовски од КК Скопје го освои 3-то место со 3 победи и 1 пораз.
Тој во најдобро светло ги одбрани боите на клубот и на Македонија.
КК Скопје настапи со натпреварувачи: Виктор Никифоровиќ и Бранислав во категорија У14 -45 кг, Нина Алексовска и Клара Алексовска во кадетки -61 кг, Калина Илиеска во категорија У12 +55кг и Стефан Миовски У12 +45кг. На турнирот настапија 1355 натпреварувачи од 15 земји.
„Многу квалитетен и масовен турнир кој е под покровителство на претседателот на Бугарија. Сите изгубија несреќно каде што недостасуваше по некој поен. Стефан Миовски го освои 3 место во категорија У12 +45кг. победувајќи во 1.коло бугарски претставник, во второто грчки, а во 3-тото загуби од Украинец. Во борбата за 3 место го победи грчкиот натпреварувач. Нареден натпревар е Државното првенство на кое нашиот клуб ќе има 5 претставници, 4-ца во кумите и 1 во ката. Виктор Никифоровиќ и Бранислав Пеликон ќе се натпреваруваат во категорија У14 -45кг. Калина Илиеска во категорија У12 +55кг. Стефан Миовски во категорија У12 +45кг. А Калин Ѓуровски ќе се натпреварува во кати категорија до 11 години. Им посакуваме многу среќа на Државното првенство“, вели тренерот Горан Алексовски – Конти.