Стартуваше новата сезона на Карате комбат (ВИДЕО)

Минатат сабота се одржа вториот настан од 4-тата сезон на Карате комбат. Главниот меч беше за титулата во лесна категорија меѓу Едгар Скриварс од Летонија и Луиз Роча од Бразил. Роча победи со нокаут во втората рунда и му го зеде појасот на Скриварс.

Бразилецот доминираше од почетокот на мечот, но Скриварс двапати успеа да го собори. Потсетуваме дека во Карате комбат натпреварувачите на партер може да работат пет секунди. Сепак, Летонецот не успеа максимално да го искористи тоа. Бразилското во Роча проработи  кога во една од ситуациите за малку ќе го заклучеше противникот со лост.

Набргу по првата минута од првата рунда Роча му возврати на Скриварс со десно кроше, но не успеа да го заврши за петте секунди во кои Скриварс му беше на грбот. Летонецот успеа да продолжи, но Роча ја почувствува слабоста и не му даде шанса. По серијата удари Скриварс падна на подот и судијата го прекина мечот.

Ова е втор дуел меѓу нив. Тие се сретнаа во 2019 година. Тогаш нивниот дуел требаше да го одреди победникот за испразнетата титула, а Скриварс победи со ТКО.

Роша има предност во професионалната ММА со 4 победи и без пораз, а во карате комбат е 6-1 со два нокаути. Тренирал со браќата Патрик и Патрисио Фреире, попознати како Пит Бул. И двајцата се шампиони на Белатор во петел и во лесна категорија.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Luiz Victor Rocha (@luizvrocha)

Повторно во лесна категорија, својот прв меч во Карате комбат го одржа Дастонбек Отаболаев – првиот светски шампион во карате од Централна Азија кој го освоил Светското првенство во карате. Тој загуби на поени од уште еден дебитант – Андрес Мадера од Венецуела.

Во средна категорија се сретнаа Дионисио Густаво од Доминиканска Република и Русинот Никита Јанчук. Со судиска одлука победи Јанчук, кој главно се потпираше на соборувања и седум пати го собори противникот.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО