Дерек Луис и Сергеј Павлович ќе ги одмерат силите на УФЦ 277

Дерек Луис и Сергеј Павлович се очекува да се сретнат на 30 јули на УФЦ 277. Информацијата ја потврдуваат повеќе извори.

Ова ќе биде најголемата прилика за Павлович по поразот од Алистер Оверем во 2018 година во дебитантската средба. Оттогаш Павлович доби три борби, сите со нокаут. Сега Павлович ќе се обиде да ја продолжи победничката серија против еден од најопасните борци во тешка категорија.

Дерек Луис го нема слушнато последниот звук на сирената во последните пет средби. Сите завршија со нокаут / TKO, а во два беше губитник. Додека ги победи Кертис Блејдс, Алексеј Олејник и Крис Даукаус, Црниот ѕвер загуби против Сирил Гане и Тај Туиваса.

Ова издание ќе биде втор настан во јули со ППГ, по УФЦ 276 закажан за 2 јули.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО