Станислав Грпов освои две сребра на Балканското отворено првенство во џиу џицу во Подгорица

На Балканското отворено првенство во џиу џицу македонските натпреварувачи освоија два сребрени медали и имаа по едно 4-то и 5-то место.

Балканското се одржа во Подгорица, Црна Гора, а медалите за Македонија ги освои Станислав Грпов.

„За жал, Станислав имаше одлични борби со две победи и еден пораз, а сите противници беа од Романија. Во финалето беше дисквалификуван од истиот судија кој му ја одзема борбата на Данил предходниот ден. Конечен резултат за Македонија е две 2-ри места, едно 4-то место и едно 5-то место“, велат од ЏЏК Осенсеи.

На Балканското отворено првенство настапија 980 спортисти со 1270 натпреварувачки влезови од 24 држави.

Резултати:

Станислав Грпов – сребрен медал – 56 кг џиу џицу У-21
Финале
Станислав Грпов – Марчин Горнијак (Полска) 0-50

Станислав Грпов – сребрен медал – 56 кг борби У-21
Финале
Станислав Грпов – Денис Павел (Романија) дисквалификација

Станислав Грпов – Денис Павел (Романија) 0-50
Станислав Грпов – Денис Павел (Романија) 50-0
Станислав Грпов – Денис Павел (Романија) 0-50

Данил Николиски – 4-то место во борби -55 кг У-18
Христијан Јованов – 5-то место возрасни џиу џицу борба -94 кг

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО