АктуелноБоксПрофесионален

Стана четири пати од подот и забележа нокаут на годината (ВИДЕО)

Британскиот боксер Вилијам Крола синоќа победи во Олтринчам Глен Бирн со нокаут во седмата рунда. Преживеа четири падови и потоа го сервираше нокаут на годината.

Вилијам Крола синоќа оствари победа на неговиот живот. Во Олтринчам имаше за противник до вечерва непоразениот Ирец Глен Бирн.

И сè укажуваше на тоа дека Бирн ќе постигне нов триумф. Го уништуваше Крола, го прати четири пати на пад и само се чекаше крајот на мечот.

Сепак, седмата рунда донесе сензационално враќање на Британецот. Во една размена, Бирн ја остави целосно отворена десната страна, а Крола го искористи тоа и со брутален лев кроше го испрати противникот на подот.

Show More

Related Articles

Back to top button
IPON